Поранешниот кошаркар на Лејкерси, Пол Гасол и поранешен соиграч на трагично настраданиот Коби Брајант направи голем гест во чест на својот пријател.
Гасол доби ќеркичка и таа ќе се вика Елизабет Џијана Гасол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пристигна нашата ќеркичка, породувањето помина во најдобар ред и сме прерсеќни. Елизабет Џијана Гасол, многу важно име за нашата преубава ќерка“, стои во објавата на шпансиот кошаркар.
Средното име Гасол на својата ќерка го даде во сеќавање на ќерката на Коби, Џијана која заедно со својот татко загина во несреќата.
Се огласи и сопругата на Коби, Ванеса.
„Пристигна моето кумче“.
На ова Гасол и врати.
„Те сакаме, ти ќе бидеш најдобрата кума на светот“.
Ова е навистина е голем потег од Гасол кој уште еднаш докажа дека нивното пријателство со Коби било огромно.