Дома Останати Се појави контроверзен детал: Дали судијата споро му броеше на Фјури?

Се појави контроверзен детал: Дали судијата споро му броеше на Фјури?

Тајсон Фјури во фантастичен меч го победи Деонтај Вајлдер и ја задрж титулата во ВБЦ.

Британецот го сруши американскиот боксер со нокаут во 11. рунда откако претходно со неколку удари го доведуваше до нокдаун, но победата на Фјури е повеќе импресивна поради се што издржа. Неколку пати Вајлдер жестоко го здрма.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Посебно Фјури тешко ја преживеа четвртата рунда. Вајлдер два пати го сруши Фјури на кого судиите му одбројуваа, а сега се појави теорија според која главниот судија Расел недоволно брзо му броел на шампионот.

Таа теза ја изнесе Андре Вард поранешниот боксер кој денес работи како еден од стручните аналитичари во ЕСПН. Тој истакна дека судијата преспоро му одбројувал на Фјури додека тој лежел на подот. Судијата изброја до осум, Вард смета дека поминале повеќе од сум секунди.

Во размислувањето Вард доби поддршка и од поранешниот шампион во УФЦ, Даниел Кормиер.

„Се сложувам со Андре Вард. Одбројувањето беше неверојатно споро. Судијата не требаше да престане да му брои на Фјури затоа што го испрати Деонтај во неговиот агол“, напиша Кромиер. Со него се сложи и Дастин Порие: „Да тоа беше споро одбројување“, порача тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…