Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фаворит за да го наследи Томас Тухел на клупата на Баерн идната сезона.
Според информациите на медиумите, Рагник ќе го преземе Баерн по завршувањето на Европското првенство кое се игра ова лето во Германија од 14-ти јуни до 14-ти јули.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најавите се дека двете страни би можеле да постигнат договор уште оваа недела. Како еден вид доказ дека нешто се случува медиумите ја посочуваат изјавата на спортскиот директор на Баерн, Макс Еберел.
Имено, тој викендов изјави дека потрагата на Баерн по нов тренер е во завршна фаза. Најголемата желба на Баерн беше шпанскиот стратег од клупата на Леверкузен, Чаби Алонсо, но на крајот тој одлучи да не го напушти својот тим.
Се наведува и дека првичните разговори со 65-годишниот Рагник започнале пред околу месец, па сега наводно се завршуваат одредени формалности.