Mакедонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов одреден период ќе биде надвор од терените поради повреда која ја заработил на вчерашниот тренинг.
Чурлинов се здобил со скршеница на носот и ќе мора да биде опериран. Операцијата ќе му биде направена задутре, после што ќе следува одреден период на рехабилитација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега не е познато колку точно време ќе биде надвор од теренот, но веројатно ќе паузира неколку недели.
Сезонава Чурлнов собра пет настапи за Штутгарт во Бундеслигата и два во германскиот куп.