
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов истакна дека националниот тим нема намера да се опушти на пријателскиот дуел со Летонија, бидејќи целта секогаш е иста, победа на секој натпревар.
Фудбалерот нагласи дека клучно ќе биде играчите целосно да се придржуваат до замислите и тактичките насоки на селекторот со цел на крајот да дојдат до посакуваниот резултат.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„За нас не постои пријателски натпревар, секој следен меч за Македонија е приоритет, атмосферата е супер, имаме шанса благодарение на селекторот да ја претставуваме Македонија на ова ниво. Се надевам дека договореното ќе го покажеме на теренот. Најважно е да влеземе како треба против Летонија, секоја победа носи самодоверба и важно е да се триумфира“, изјави Чурлинов.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија ќе се одигра во четврток со почеток од 18:00 часот.