Дома Фудбал Италија Се повеќе обединети: Фудбалерите на Јувентус на заедничка вечера по одземените бодови 📸

Се повеќе обединети: Фудбалерите на Јувентус на заедничка вечера по одземените бодови 📸

Во овој период една од главните теми во Италија се одземените 15 бодови на Јувентус со кој тимот падна на 10-тата позиција и сега го чека тешка борба за место во Лигата на шампионите наредната сезона.

До крајот на сезоната има време, меѓутоа Јувентус ќе мора да почне да победува ако сака да се надева на место во топ четири.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, клубот од Торино и да биде помеѓу најдобрите четири во Италија не може да биде сигурен дека ќе игра во најелитното европско натпреварување затоа што во медиумите се шпекулира и за казна од УЕФА.

Дел од италијанските медиуми пишуваа и за одредено незадоволство кај некои фудбалери по казната, сепак фудбалерите на Јувентус покажаа дека остануваат обединети.

Имено, во вторникот тимот имал заедничка вечера, а фотографијата ја објави резервниот голман Матија Перин со опис: „Се повеќе обединети“.

Оваа фотографија може да се смета и како најава дека сите фудбалери на Јувентус ќе останат и ќе се борат на крајот сепак ако можат да изнесат успешна сезона. Не треба да се заборави и дека Јувентус се уште е дел од Лигата на Европа каде што ќе игра во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…