Дома Трансфер зона Се откажал од богатство во Саудиска Арабија: Откриено колку ќе заработува Ракитиќ во Хајдук

Се откажал од богатство во Саудиска Арабија: Откриено колку ќе заработува Ракитиќ во Хајдук

Иван Ракитиќ ќе го засили Хајдук и овој трансфер е веќе договорен и потребно е да се завршат само одредени формалности за хрватскиот ветеран и официјално да пристигне во Сплит.

Ракитиќ одлучи по епизодата во саудискиот Ал Шабаб да се врати во Европа, па се одлучи за клубот од неговата татковина.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Заминувањето од Саудиска Арабија значи и откажување на Ракитиќ од големата заработка во Ал Шабаб каде што добиваше 15 милиони евра годишно.

Јасно е дека Хајдук не може да му понуди ниту приближно толку, а сега хрватските медиуми откриваат колкава ќе биде неговата плата. Неофицијално, платата на Ракитиќ ќе изнесува 600.000 евра годишно.

Тоа е сума со која нема да биде најплатен во тимот на Хајдук бидејќи Марко Ливаја добива еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најде ли Рабио конечно клуб? Преговорите започнале

Веќе сме средина на септември, а Адриен Рабио се уште нема клуб, тој е слободен играч и ни…