Дома Фудбал Останато Се огласи министерката: Робињо веднаш да оди во затвор

Се огласи министерката: Робињо веднаш да оди во затвор

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Робињо повторно е без клуб откако Сантос му го прекина договорот само 6 дена по потписот.

Причината за тоа е што Бразилецот е осомничен за сил*вање во Италија, а бразилскиот клуб поради тоа е мета на навивачите и клупските спонзори.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во официјалното објаснување на Сантош, беше нагласено дека станува збор за спогодбен раскин на договорот со цел фудбалерот да се насочи кон судењето кое го има во Италија.

Фудбалерот тврди дека неколку негови пријатели останале со девојката по неговото заминување и имале се*суален однос со неа, без присилба. Клучни докази во процесот против Робињо се прислушкувани телефонски разговори меѓу него и пријателите во кои фудбалскиот ас вели дека девојката била пијана.

За оваа ситуација свој коментар даде министерката за жената, семејството и човековите права во Бразил, Дамарес Алвеш.

„Робињо треба веднаш да заврши во затвор, не треба да додадам ништо повеќе. Се уште се води спорот, но објавените аудио записи ни го претставија во најлошо светло. Само затвор е решение за такви како него. Ниту еден силувач не смее да добива аплаузи, особено не на фудбалски терен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…