Вчера силно одекна веста од „Ле Паризиен“ дека Килијан Мбапе постигнал договор со ПСЖ за продолжување на соработката на уште две години.
Информациите на овој медиум беа дека Мбапе се договорил за продолжување на соработката со плата од 50 милиони евра по сезона плус 100 милиони евра бонус за потпис. Меѓутоа набрзо се огласи мајката на Мбапе, Фајза Ламари кој порача дека нема никаков договор со ниту еден клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема никаков договор со ПСЖ или било кој друг клуб. Разговорите за иднината на Килијан продолжуваат мирно за да може да се овозможи да го направи најдобриот избор“, порача таа на Твитер.
Il n’y a aucun accord de principe avec le Paris Saint-Germain (ou un quelconque autre club). Les discussions autour de l’avenir de Kylian se poursuivent dans un climat de grande sérénité pour lui permettre de faire le meilleur choix, dans le respect de toutes les parties https://t.co/VHMTOENct1
— lamari fayza (@FayzaLamari) May 5, 2022