Дома Фудбал Англија Се огласи Ван Дајк: Се се случува со причина, ќе се вратам посилен!

Се огласи Ван Дајк: Се се случува со причина, ќе се вратам посилен!

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на мечот против Евертон и за него оваа сезона е завршена.

Холанѓанецот во наредните денови го очекува операција, а потоа 6-месечен период на рехабилитација.

Ван Дајк денес испрати емотивна порака до јавноста и истакна дека ќе се врати уште посилен.

„Посветен сум на мојата рехабилитација и ќе се обидам да се вратам што е можно побрзо на теренот. И покрај разочарувањето, верувам дека секоја потешкотија нуди нова можност, ќе се вратам посилен и подобар од претходно.  Во фудбалот како и во животот верувам дека сè се случува со причина. Важно е да продолжиме да се бориме до крај“, напиша меѓу другото Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Серена за Волтемаде: Не е брз, но му одговара на стилот на Спалети

Алдо Серена смета дека Ник Волтемаде има квалитет да се вклопи во играта на Јувентус, иако…