Дома Фудбал Германија Се е спремно за продолжување на Бундеслигата

Се е спремно за продолжување на Бундеслигата

Германската фудбалска федерација подготви целосен план за продолжување на сезоната. Апсолутно се е посветено на безбедноста на играчите и персоналот и предлог за продолжување на сезоната ќе биде пред германските политичари утре.

Како што тврди „Билд“ засега, Федерацијата има позитивни повратни информации. Бундеслигата се очекува да добие зелено светло утре по завршните разговори со канцеларката Меркел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Рајниш Пост“ тврди дека министрите веќе решиле да гласаат за враќање на фудбалот на германските терени. Тие добија уверување од Федерацијата дека се ќе биде целосно посветено на заштита на здравјето на фудбалерите и утре треба да слушнеме „ДА“ од нив за враќање на фудбалот.

Германските клубови планираат да се вратат на терените на 9-ти мај, а опција е да се продолжи со натпревари од 16-ти мај, но конечната одлука ќе пристигне утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…