Дома Останати Светското првенство започна со голема победа на Германија!

Светското првенство започна со голема победа на Германија!

Во Берлин и официјално започна 26-то Светско ракометно првенство со натпрварот помеѓу домаќинот Германија и Кореја.

„Панцирите“ од стартот покажаа дека имаат големи амбиции па го декласираше обединетиот тим на Кореја, кој за прв пат настапува на едно светско првенство.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Германија на крајот славеше со резултат 30:19, но треба да се напомене дека Корејците не се реално мерило за силата на „Панцирите“.

Германија доминираше од првата до последната минута, а посебно се истакна Уве Геншајмер со седум гола, додека Колнахер и Фат мечот го завршија со по 4 гола.

Во наредното коло Германија игра против Бразил, а Кореја ќе ги одмери силите со Русија на 12-ти јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Бомба“ на повидок во Битола: Пелистер може да се засили со легендарен словенечки ракометар!

Екипата на Пелистер би можела да направи вистински ракометен бум, бидејќи како што дознава…