Дома Фудбал Репрезентации Саутгејт: Со Македонија нема да биде лесно, ќе играме во најсилен состав

Саутгејт: Со Македонија нема да биде лесно, ќе играме во најсилен состав

Првиот циклус за квалификациите за Евопското првенство 2024 заврши, а Англија во нашата група како и што се очекуваше се издвои како главен фаворит за првото место со две победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англија забележа две победи, против Италија на гости и Украина дома, па така Англичаните со две победи се убедливо на првата позиција. По натпреварот со Украинците, новинарите го прашаа дали во јуни кога Англија ќе игра со Малта и Македонија ќе одмара некој од првите ѕвезди.

Саутгејт посочи дека ќе играат во најсилен состав затоа што не очекува да биде лесно со Македонија.

„Против Македонија ќе излеземе во најсилен состав, не смееме да мислиме дека ќе биде лесно. Ако не ги повикаме најдобрите, ќе испратиме погрешна порака. Ние играме за Англија и во секој натпревар ги користам најдобрите што ги имам на располагање“, порача англискиот селектор.

Македонија во тој циклус на 19-ти јуни ќе гостува на Англичаните на „Олд Трафорд“, а три дена подоцна дома ќе ја пречекаме Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

На натпреварот меѓу САД и БиХ се случи една од најнеобичните ситуации во историјата на фудбалот (Фото)

Репрезентативецот на Соединетите Американски Држави, Фоларин Балогун, испиша една од најне…