Герет Саутгејт вчера поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Англија по осум години на функцијата.
На овој начин го одржа зборот, бидејќи пред Европското првенство изјави дека ќе замине ако не стигнат до европската титула. Англичаните беа поразени во финалето во неделата вечерта од Шпанија со 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Саутгејт нема долго да биде без работа, бидејќи се враќа на старите патеки и ќе работи како стручен аналитички консултант за „ITV“, бидејќи Гери Невил ќе се врати на „Скај Спорт“.
Саутгејт веќе работеше во живо натпревари од Светското првенство во Германија во 2006 година и ја имаше истата улога. На клупата на Англија тој беше од 2016 година и успеа да ја предводи Англија до две финалиња на ЕП и полуфинале на ЕП во 2018 година. На Светското првенство во Катар играа четвртфинале.