Раководството на фудбалскиот клуб Вардар денес објави дека напаѓачот на овој клуб, Џонатан Боарето Балотели заминува во Катар.
Трансферот на Балотели веќе е пред официјализирање и тој наводно веќе се наоѓа во Катар на лекарски прегледи после што ќе стави потпис со клубот Ал Гарафа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова значи дека црвено-црните во двомечот со Фенербахче ќе влезат значително ослабени, бидејќи Балотели во овој момент беше најдобриот напаѓач на клубот од Скопје.
Иако Вардар веројатно добро ќе заработи од Балотели, ќе остане без својот напаѓач пред неколку важни натпревари. Покрај двомечот со Фенербахче, Вардар во сабота го отвара македонското првенство против големиот ривал, екипата на Шкендија.
За крај да се потсетиме на последниот гол на Балотели во официјален натпревар во дресот на Вардар против Копенхаген.