После неуспешната мисија во Русија, репрезентативцитен а Аргентина се вратија дома, а очекувано беа изложени на бура од критики
Аргентина разочара на Мундијалот, целата нација очекуваше многу повеќе, се надеваа дека конечно Лионел Меси може да ги одведе до титулата светски шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Гаучосите“ некако успеаа да се провлечат во низ групната фаза, но потоа се сретнаа против силната Франција која ги елиминираше.
Во текот на Мундијалот играчите имаа бојкот кон Сампаоли, кој беше толку јавен што на сите им беше познато дека тимот за последниот натпревар во групната фаза го составуваа Меси и Маскерано.
Се споменуваше отказ за Сампаоли за кој сојузот ќе мораше да плати 20 милиони долари, но изгледа дека го сменија мислењето. Аргентинскиот новинар, Леандро Агилер ексклузивно дознава дека сојузот одлучил да го остави Сампаоли и понатаму на клупата.