Кристијано Роналдо на почетокот на годината го напушти највисокото ниво во европскиот фудбал и замина во Саудиска Арабија во Ал Наср каде што заработува околу 200 милиони евра.
На 14 натпревари за Ал Наср постигна 11 голови, но неговиот тим испадна од купот, а тешко дека ќе дојде и до лигашката титула. Сето тоа го натерало претседателот на клубот Мусаил Ал-Муамар да ја критикува португалската ѕвезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него посебно болно е испаѓањето од купот, па медиумите пренесуваат изјава која наводно тогаш ја дал за арапските медиуми.
„Во животот само двапати ме измамиле. Првиот пат кога нарачав три кебапи, а ми добив два. Втората измаме е потпишувањето на Кристијано Роналдо“, наводно изјавил Ал-Муамар.
Сепак останува отворено прашањето дали оваа изјава, која ја пренесува и „Мундо Депортиво“ навистина билка кажана.