Дома Фудбал Репрезентации Само во Англија: За натпревар за женски фудбал „Вембли“ се распродаде три месеци претходно!

Само во Англија: За натпревар за женски фудбал „Вембли“ се распродаде три месеци претходно!

Женскиот фудбал на Островот има популарност како ретко каде во светот, па доказ за тоа е последната информација.

Имено, уште сега стадионот „Вембли“ е распродаден за натпреварот помеѓу Англија и Бразил кој се игра на 6-ти април. Станува збор за натпреварот „финалисима“ кој е дуел помеѓу шампионот на Европа и Јужна Америка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако до натпреварот има уште три месеци, сепак експресно се распродадоа 90.000 билети кои беа пуштени во продажба.

Минатата година во октомври Англија ја победи Германија во финалето на Европското првенство и тој натпревар го гледаа 90.000 гледачи што е рекорд во женскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

На Барселона ѝ беа потребни четири години да го исплати тренерот кој доживеа историски дебакл

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, откри дека чекал дури четири години за катал…