Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Фердинанд: Кукавиците кои ги навредуваат пред неколку дена ги славеа Стерлинг и Сака!

Фердинанд: Кукавиците кои ги навредуваат пред неколку дена ги славеа Стерлинг и Сака!

Aнглија вчера беше поразена во финалето на „Вембли“ на Европското првенство, а гневните навивачи се бесни на „Гордиот Албион“.

Рашфорд, Санчо и Сака кои ги промашија пеналите беа расистички навредувани од голем број фанови. На таа тема сега се огласи поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Рио Федеринанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Изгубивме од најдобрата репрезентација на турнирот која не е поразена 34 натпревари и скоро три години. Атмосферата на стадионот беше најдобра која сум ја видел на „Вембли“. Почетокот беше фантастичен сите беавме соединети за поддршка на нашите момци. Неверојатно ми е како односот се промени во 120 минути. Веднаш после натпреварот друштвените мрежи станаа токсичен рај за расистите, за кукавиците…Замислете дека тие идиоти пред неколку дена ја славеа брилијантната игра на Стерлинг или Сака“, прокоментира помеѓу другото Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…