Дома Фудбал Лига на шампиони Салихамиџиќ: Ливерпул е како тврд орев

Салихамиџиќ: Ливерпул е како тврд орев

Во осминафиналето на ЛШ во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу Ливерпул и Баерн Минхен. Баварците полека се враќаат во форма, а Ливерпул игра одлично и е лидер во ПЛ.

Повеќе од сигурно е дека ќе гледаме два квалитетни натпревари во кои нема да недостасуваат возбудувањата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на баварскиот гигант Хасан Салихамиџиќ е свесен за тешкиот предизвик кој го очекува неговиот тим.

„Многу тврд орев. Ливерпул е квалитетна екипа, која го држи врвот во ПЛ. Играат добар фудбал и се на високо ниво што се однесува на физичкиот аспект на играта. Се радуваме што ќе играме на Енфилд. Ова се предизвици преку кои мора да гпоминете во својата кариера.“ – изјави Салихамиџиќ.

Баерн се наоѓа на третото место во Бундеслигата со девет бода помалку од лидерот Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…