Дома Македонски спорт Мак фудбал Руфати е повикан, но нема право на настап против Грузија

Руфати е повикан, но нема право на настап против Грузија

Селекторот Игор Ангеловски за дуелот со Грузија во среда дополнително ги повика Љупчо Дориев и  Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар како и дефанзивецот на Македонија ЃП, Томе Китановски.

Дополнително покана доби и Агрон Руфати од младата репрезентација, но нема право на настап поради жолти картони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој настапи за селекцијата до 21 година на дуелот со Казахстан и заработи жолт картон.

Според член од дисциплинскиот правилник на УЕФА суспензијата важи и за натпревари во други селекции доколку е повикан.

Поради тоа, иако е повикан во А репрезентацијата, Агрон Руфати нема прво за настап против Грузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…