Вејн Руни може да го наследи Рафа Бенитез на клупата на Евертон пренесуваа островските медиуми.
„Карамелите“ играат во очајна форма во последните девет натпревари и имаат само една победа и шест порази и поради тоа челниците на клубот размислуваат да доведат нов менаџер.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како замена на Бенитез се споменува Вејн Руни. Дерби каде што сега е тренер Руни е на дното во Чемпионшип, а сопственикот на клбуот Фарад Мошири е заинтересиран да го види Руни на „Гудисон Парк“.




Интересно е што во минатото Руни сам изјавуваше дека е во лоши односи со Мошири. Првиот човек на „Гудисон Парк“ сметаше дека Руни треба да го напушти Евертониако напаѓачот сака да остане, поради што беа во конфликт. Очигледно нешто се променило во меѓувреме.