Дома Фудбал Репрезентации Руд Ван Нистерлој нов тренер на ПСВ

Руд Ван Нистерлој нов тренер на ПСВ

Славниот голгетер и поранешен репрезентативец на Холандија, Руд Ван Нистерлој доби голема задача и од следната сезона ќе биде тренер на еден од најголемите клубови во оваа земја.

Нистерлој седнува на клупата на ПСВ каде што ќе го наследи Роџер Шмид кој ќе си замине на крајот на актуелната сезона.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Ван Нистерлој во ПСВ работеше од 2016 години, раководеше со младинските категории. Неговата тренерска кариера е на самиот почеток и ова ќе му биде прв посериозен ангажман. Треба да се спомене дека има искуство и како помошник во репрезентацијата на Холандија.

ПСВ на табелата во Холандија во овој момент е второпласиран со 64 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Деко потврди дека пристигнала официјална понуда за Јамал

Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу …