Дома Фудбал Српската полиција бегаше од „Делии“ кои фрлаа топовски удари (Видео)

Српската полиција бегаше од „Делии“ кои фрлаа топовски удари (Видео)

Околу полноќ во центарот на Белград, според изјавите на очевидците, се случиле големи судири помеѓу навивачите на Црвена звезда и ПСВ пред денешниот натпревар на тие клубови во седмото коло од Лигата на шампионите. Граѓаните кои случајно се нашле близу и ги снимале нередите известуваат дека судирите почнале кога припадниците на „Делии“ со факли и топовски удари ги нападнале холандските навивачи.

Низ центарот на градот одекнувале детонaциите додека српските навивачи ги напаѓале гостите.

Навивачите на Звезда, кои биле многу побројни од навивачите на ПСВ, ги нападнале со факли. На снимките од почетокот на судирот се гледа и едно полициско возило кое вози наназад пред нападот на многубројните навивачи на Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има ли крај на сапуницата: Решена е судбината на Енцо Фернандез?

Иднината на Енцо Фернандез повторно е една од главните теми на фудбалскиот пазар, а новата…