Фудбалерот на Лестер Џејмс Медисон е на мета на Њукасл и клубот од „Сент Џејмс Парк“ испрати понуда од 40 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, таа сума нема да биде доволна за Лестер да се одлучи да го пушти одличниот фудбалерот. Тренерот на „лисиците“, Брендан Роџерс со изјава дека таа сума е доволна само за дел од неговата јасно порача што мисли за таа понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да има ништо од тој трансфер. Медисон е наш играч. Не ги одредувам цените на фудбалерите јас, но верувам дека понудената сума е доволна за три четвртини од неговата лева нога“, изјави Роџерс.
Во редовите на Лестер Медисон пристигна во 2018 година и од тогаш стана еден од најважните играчи на тимот. На 171 натпревар за „лисиците“ постигна 45 гола.