Дома Фудбал Останато Роналдо: Јас ги отворив вратите, во Саудиска Арабија ќе дојдат многу ѕвезди

Роналдо: Јас ги отворив вратите, во Саудиска Арабија ќе дојдат многу ѕвезди

Кога Кристијано Роналдо премина во Саудиска Арабија се зборуваше дека Португалецот брзо ќе си замине, но работите се променија.

Доаѓањето на Португалецот практично значеше почеток на една нова ера во фудбалот во оваа земја во која ќе бидат вклучени големи европски ѕвезди. Пред неколку дена за Ал Итихад потпиша Карим Бензема, се обидуваат да го доведат Меси, а до крајот на летото сигурно за клубовите од оваа земја ќе потпишат повеќе европски фудбалери.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


По трансферот на Бензема во медиумите се огласи и Кристијано Роналдо кој смета дека ја отворил вратата за ѕвездите во оваа лига.

„Моето доаѓање во Саудиска Арабија ги отвори вратите и не погрешив. Сигурен сум дека во наредните години оваа лига ќе стане една од најважните во светот. Доаѓа Карим, сигурен сум дека ќе дојдат и други играчи. Сакаме поголемо ривалство, кога постои ривалство има профит на пазарот“, изјави Роналдо.

Покрај Бензема, трансферот во Ал Итихад го завршува и Нголо Канте, а се најавуваат уште Рамос, Марез, Алексис Санчез, Бускетс, Алба…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…