Дома Фудбал Останато Роналдо: Страшно ме нервира кога син ми пие кока-кола и јаде чипс

Роналдо: Страшно ме нервира кога син ми пие кока-кола и јаде чипс

Кристиано Роналдо важи за човек кој води екстремно голема грижа за себе и својата физичка форма, а сега призна дека го нервира кога неговиот син прави некои работи што за многумина се нормални.

10 годишниот син на Роналдо, Кристиано Јуниор е дел од академијата на Јувентус и веќе се пишуваше дека знае да прикажува одлични настапи. Но, Роналдо порачува дека се уште е рано да се каже дали тој ќе биде голем фудбалер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Рано е да се зборува дека ќе стане голем фудбалер. Некогаш јаде чипс и пие кока-кола тоа страшно ме нервира и го знае тоа. Исто така после некој тренинг или натпревар ќе му кажам да оди во ладна вода, а тој не сака затоа што му било ладно. Сепак, го разбирам има само 10 години“.

„Не му правам притисок да стане фудбалер, меѓутоа секако дека сакам. Најважно е да го прави она што го сака и што ќе го прави среќен, без разлика дали ќе биде фудбал или нешто сосема друго“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус одлучи: Ова е цената за која Влаховиќ може да замине!

Јувентус се обидува на различни начини да го продаде Душан Влаховиќ и така да оствари нека…