Дома Фудбал Останато Роналдо со изјава ги реши сите дилеми за својата иднина

Роналдо со изјава ги реши сите дилеми за својата иднина

Во јуни одредени шпански медиуми објавија дека 31-годишниот Кристиано Роналдо е подготвен да го напушти Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобриот фудбалер во светот минатата година, наводно, не бил задоволен од третманот во клубот, новинарите и даночните оптеретувања во Мадрид, а како нова дестинација се споменуваа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, доколку можеме да судиме според изјавата на Роналдо која ја даде за „Марка“, на крајот сето тоа ќе остане само на шпекулации и приказни.

„Осовјувањето на големи трофеи со клубот минатата сезона беше одлично, исто како индивидуалните трофеи. Ќе биде одлично тоа да го повторам. Од година во година мора напорно да се работи и успехот ќе пристигне. Фудбалот е мојот живот, мојата страст“, изјави Роналдо, алудирајќи на тоа дека сака да остане во Реал Мадрид.

Роналдо во Реал пристигна 2009. година, а со „кралскиот клуб“ освои апсолутно се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…