Бразилскиот напаѓач Роналдо сигурно е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња бидејќи со своите настапи многумина оставеше без текст.
Иако и вака кариерата му беше и тоа како успешна сигурно можеше да има и поголем успех, доколку повредите не го спречија во тоа. Тоа посебно се однесува на перидот додека го носеше дресот на Интер кога ја заработи тешката повреда на коленото. Поради таа повреда Роналдо отсуствуваше од терените половина година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Летото 2002 година изненади со одлуката да го напушти Интер и да потпише за Реал Мадрид, а истото лето го предводеше Бразил до титулата на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Роналдо во Реал се врати во форма и пкажа дека во него се уште има магија. Во Интер сигурно се каеле што се откажаа од него.
Но се каел и Роналдо кој сега одлучи тоа јавно да го признае. Бразилецот порача дека Интер секогаш ќе биде во неговото срце и дека му е жал што на прилично грд начин си заминал од „Џузепе Меаца“.
https://www.youtube.com/watch?v=DzblEKhn8jo
„Се каам што во 2002 година го повикав Масимо Морати и му кажав дека треба да го отпушти Хектор Купер или ќе заминам. Тоа не требаше да го барам од него, се однесував како размазена ѕвезда. Морати ми кажа дека Купер ќе остане затоа што добро си ја работи, а тоа не ми се допадна. Отидов во Реал каде што играв добро, но се уште жалев за Интер“, изјави Роналдо.
Бразилецотп осле неколку години поминати во Реал Мадрид одлучи да потпише за Милан што дополнително ја налути управата на Интер.
„Двата клуба секогаш ќе бидат во моето срце. Бев среќен во Милан. Научив многу и навистина се работи за голем клуб. Навивачите ме дочекаа одлично и жал ми е што не играв подолго таму“, додаде легендарниот Бразилец.