Постапката е отворена, а што ќе се случи на крајот зависи од државата.
Кристиано Роналдо два пати беше одликуван од страна на државата, првиот пат во 2014 година, а потоа и во 2015 година кога го доби „Орденот на големиот крст“, најважно признание во Португалија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Носителот на ваквото признание се обврзува дека достојно ќе ја претставува Португалија во текот на животот и дека во секоја прилика ќе покажува дека го заслужил тоа признание.
Меѓутоа, според законот носителот на ова признание заработи затворска казна орденот се одзема. Роналдо е осуден на 23 месеци условно, но и тоа може да донесе последици.
Како што пишуваат португалските медиуми одлукат ја носи претседателот на Португалија. Ако тој одлучи Роналдо ќе мора да го врати орденот, а една солуција е и јавно да биде опоменат ваква работа да не му се повтори.