Дома Фудбал Репрезентации Роналдо повторно ја „бојкотира“ Лигата на нации

Роналдо повторно ја „бојкотира“ Лигата на нации

Најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо повторно не е на списокот на португалската репрезентација за натпреварите во Лигата на нации.

Со ова само се потврдија информациите на португалските медиуми дека ѕвездата на Јувентус ја бојкотора Лигата на нации со изговор дека се фокусира на клупските обврски.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Португалците се надеваа дека Роналдо ќе биде на списокот за одлучувачкиот дуел со Италија за првото место во групата, но селекторот Сантос не го повика и овој пат.

Роналдо нема настап за Португалија од Мундијалот, бидејќи одлучи да одмори од репрезентацијата до крајот на годината.

Португалија на 17-ти ноември и гостива на Италија, а три дена подоцна ја пречекува Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…