Реал Мадрид синоќа на Бернабеу го одигра натпреварот од 33. коло во Ла Лига против Атлетик Билбао и едвај извлече бод.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Атлетик Билбао поведе во 14. минута со голот на Инаки Вилијамс се до 87. минута кога Роналдо ги постави конечните 1:1.
Не играше добро Реал, ниту нешто посебно Роналдо, но со еден детал од синоќешниот натпревар го сврте вниманието на јавноста.
Имено, фотографијата од “небесениот скок“ брзо се прошири по социјалните мрежи, а на неа може да се види дека главата на Португалецот , кој е висок 187 сантиметри е на нивото на испружената рака на голманот (189 cm).