Дома Фудбал Роналдо: Немам доволно пари за да го купам Интер

Роналдо: Немам доволно пари за да го купам Интер

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо пред неколку месеци одлучи да го купи шпански Ваљадолид.

Роналдого вложи дел од своето богатство и го купи шпанскиот прволигаш, а набргу после тоа стана и претседател на клубот. Во претходните неколку дена во италијанската јавност се појавија шпекулации дека Роналдо би можел да го купи и Интер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, Роналдо ги демантираше овие шпекулации и порача дека моментално му е доволно што е претседател на Ваљадолид и дека сака да остане во овој клуб што побргу. Исто така, призна дека едноставно нема доволно пати да купи клуб како Интер.

„Работите се повеќе, а заработувате се помалку и помалку. Многу сум зафатен со новата работа и среќен. Ова е огромен предизвик за мене и сака да трае што подолго. Интер? Никогаш немам размислувано за тоа, клубот е во моето срце и во фудбалот е се можно, но едноставно немам доволно пари да го купам Интер. Останувам во Ваљадолид.“- порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус одлучи: Ова е цената за која Влаховиќ може да замине!

Јувентус се обидува на различни начини да го продаде Душан Влаховиќ и така да оствари нека…