Дома Фудбал Останато Роналдо нема избор и мора да плати 29 милиони евра!

Роналдо нема избор и мора да плати 29 милиони евра!

Кристиано Роналдо веќе подолго време има проблеми со данокот во Шпанија, за разлика од останатите фудбалери кои беа обвинети, Роналдо не сака да ја признае вината.

Сепак според последните информации Португалецот ќе мора да плати 29 милиони евра, во спротивно како што наведуваат медиумите му се заканува и затворска казна до 10 години!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во петокот Роналдо беше повторно сослушан во судот во Мадрид кој води постапка против ѕвездата на Реал. Роналдо се обвинува дека затаил данок во износ од 14.7 милиони евра.

Португалецот до сега категорично одбиваше да ја признае вината, тврдеше дека не направил ништо и дека таму само поради тоа што е Кристиано Роналдо.

Во Шпанија за даноничните измами поголеми од 120.000 евра се предвидува и затворска казна во траење од една до пет години (некои медиуми тврдат дека Роналдо би можел да добие и до 10 години затворска казна).

Даночната управа сега од Роналдо бара околу 29 милиони евра казна, но и признание од Португалецот дека е виновен. Истиот износ го вклучува неплатениот данок, како и парична казна за претходното одбивање на фудбалерот да ја признае вината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави добил отказ во болница: Откриени зборовите кои му ги кажал Лапорта

Две недели откако беше потврдено дека Чави ќе продолжи да ја води Барселона, легендата на …