Кристиано Роналдо нема да се појави на доделувањето на Златната топка на 29. ноември во Париз.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед се најде на листата од 30 номинирани играчи, но тешко дека ќе биде прогласен за најдобар. Бидејќи не е во најтесна конкуренција Роналдо одлучи да ја пропушти оваа церемонија и тоа нема да му биде првпат.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Последен пат Роналдо „Златната топка“ ја освои во 2017 година која беше негова петта. Пред него е само Лионел Меси со шест освоени „Златни топки“.
Според последните најави оваа година наградата ќе заврши во рацете на Меси или Левандовски.