Португалецот се опорави од повредата!
Како да е машина, а не човек, па штом го „поправат“ веднаш може да работи со полна пареа! Кристиано Роналдо ќе биде во составот и целосно подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата ѕвезда на Јувентус се повреди во натпреварот за репрезентацијата против Србија во квалификациите за Европското пренство. Тогаш Роналдо после еден трк се пожали на повреда и после 30 минути гестикулираше дека нема да може да го продолжи натпреварот.
Од тој момент беше неизвесно дали Роналдо ќе се опорави за натпреварот против Ајакс во Лигата на шампионите. За натпреварите во Серија А, Роналдо на Јувентус не му е премногу потребен затоа што и онака „старата дама“ има 18 бода предност и се наоѓа на само две победи од обезбедување на новото Скудето и продолжување на доминацијата во Италија.
Роналдо е доведен за освојување на Лигата на шампионите и сега „Марка“ тврди дека тој ќе биде спремен да истрча на теренот во среда во Амстердам.
Во Јувентус секако сериозно го сфаќаат натпреварот против Холанѓаните кои во претходната рунда го елиминираа Реал Мадрид. Затоа како што пишува „Марка“ Кристиано Роналдо напорно работел за да се опорави и да му се стави на располагање на Алегри.
Повредата не беше тешка и тоа беше утврдено веднаш на прегледите во Торино наредниот ден, но потребно беше да мирува. Роналдо мируваше што мируваше – сега го чека Ајакс!