Кристиано Роналдо одлучи да прифати спогодна со судот во Шпанија, откако се докажа дека е виновен за затајување на данок.
Шпанскиот суд го осиди Роналдо на 23 месеци затвор, но португалскиот ас нема да оди во затвор бидејќи се договори да плати парична казна. Судот дозволува фудбалерот да си ја „откупи“ казната бидејќи станува збор за дело во кое немало насилство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Па така Роналдо двегодишната казна ќе ја одработи условно, но ќе мора да плати 18,8 милиони евра како оштета за затајувањето на данок.
Роналдо утрово се појави во Мадрид заедно со својата вереница Георгина Родригез, а според неговиот израз на лицето може да се заклучи дека е задволен од казната.