Португалската ѕвезда Кристиано Роналдо проговори за рекордот по голови на Светските првенства.
Роналдо постигна гол на пет Мундијали ред, откако вчера беше прецизен од белата точка против Гана.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Ова е одличен момент, гол на моето петто Светско првенство. Победивме, добро го започнавме турнирот. Многу важна победа. Знаеме дека во вакви натпреварувања клучна е победата во првиот натпревар. И уште еден рекорд, да. Јас сум единствениот кој постигнал гол на пет Светски првенства по ред и горд сум на тоа“, изјави Роналдо.
На прашање за Манчестер Јунајтед, тој кратко одговори.
„Не сакам да зборувам на таа тема, Манчестер Јунајтед е завршена приказна за мене. Од моментот кога дојдов овде јас размислувам само на Португалија“, прокоментира Кристиано.