Дома Фудбал Италија Роналдо изгуби облог со Алегри и сега ќе мора да си го одржи зборот

Роналдо изгуби облог со Алегри и сега ќе мора да си го одржи зборот

Eкипата на Јувентус вчера без проблеми го совлада Киево со 3:0 и така ја задржа предноста од девет бода во однос на најблискиот конкурент Наполи.

Кристиано Роналдо на оваа средба не се запиша во листата на стрелци, иако имаше голема шанса.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Португалскиот фудбалер не реализираше пенал во 53-тата минута од натпреварот, а со тоа изгуби и облог со Алегри.

Роналдо потврди дека го изгубил облогот, но не откри што ќе треба да направи.

„Да, така. Јас и тренерот имавме облог дека ќе ги реализирам сите пенали во сезоната. Не успеав, сега подготвен сум да си го одржам зборот“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…