Дома Фудбал Останато Роналдо вечерва руши нов рекорд – може да стане апсолутен крал на светскиот фудбал

Роналдо вечерва руши нов рекорд – може да стане апсолутен крал на светскиот фудбал

Репрезентацијата на Португалија вечерва игра на домашен терен против директниот конкурент, Швајцарија за првото место во групата и пласман на СП.

Пресметката е многу јасна, само три бода ја водат Португалија директно на Мундијалот, во спротивно ќе играат бараж.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е шанса за Роналдо да влезе во одбраното друштво најдобри стрелци на репрезентациите. Моментално има постигнато 79 гола и се наоѓа на 4-то место на сите времиња заедно со Читалу од Замбија.

Во овој квалификациски циклус постигна дури 15 гола, што всушност е 60% од сите голови на Португалија.

Веќе го престигна легендарниот Пеле кој има постигнато 77 гола за Бразил, а пред него се само тројца: Камамото за Јапонија (80 гола), Пушкаш за Унгарија (84) и Али Деј за Иран (109).

На Роналдо, кој во фенруари го слави 33-от роденден потребни му се уште 30 гола за да стане апсолутен рекорден во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед донел конечна одлука за Санчо

Манчестер Јунајтед донесе конечна одлука за иднината на Џејдон Санчо во контекст на негови…