Дома Фудбал Останато Романија одбива да игра против Косово во квалификациите за ЕП

Романија одбива да игра против Косово во квалификациите за ЕП

Фудбалската репрезентација на Романија треба да игра против Косово во квалификациите за ЕВРО 2024, но државните власти одбиваат тоа да се случи, затоа што не ја признаваат како држава.

Романија го нема признаено Косово како држава, па се постави прашањето дали треба да играат фудбалски меч со таа земја.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Имајќи ја во предвид геополитичката ситуација, ќе водиме дијалог со Владата на Романија околу условите кога треба да го дочекаме Косово“, велат од романската фудбалска федерација.

УЕФА се залага да нема мешање на политиката во фудбалот, но при ждребот сепак имаше одредени „правила“ дел од земјите кои се во конфликт да не бидат распоредени во иста група.

Поранешниот романски министер за надворешни работи Теодор Мелескану вели дека натпреварот не треба да се игра. Романците додаваат дека неприсуството на мечот со Косово од политички причини би довело до нивно исклучување од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Кој е Еберчи Езе“: Артета за херојот на Арсенал и доказот дека ништо не е случајно

Ова е таа година за Микел Артета. Летово мудро трошеше, има квалитетен и широк ростер и ја…