Рома се надева дека ќе потпише со искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс, но е под притисок од крајниот рок за регистрација на играчи во Лига Европа.
Хумелс, кој е слободен играч, мора да одговори денеска, бидејќи рокот за пријавување на фудбалерите за европските натпреварувања истекува вечерва, потсетува „Кориере дело спорт“.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Рома испрати понуда за едногодишна соработка со можност за продолжување на договорот за дополнителни 12 месеци и плата од 2 милиони евра.
Хумелс во јуни ја напушти Борусија Дортмунд и се уште е без клуб иако имаше многу понуди.