Дома Трансфер зона Рома донесе големо засилување од Манчестер Јунајтед

Рома донесе големо засилување од Манчестер Јунајтед

Рома во самиот финиш на преодниот рок го донесе посакуваното засилување во одбраната и ги изненади своите фанови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Скај Италија“ пренесува дека Рома постигнала договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на Крис Смолинг.

Смолинг ќе пристигне на „Олимпико“ на едногодишна позајмица за која „волчицата“ ќе плати 3 милиони евра.

Рома беше во потрага по дефанзивец и најсилено се поврзуваше со Ругани од Јувентус и Ловрен од Ливерпул, па поради тоа ваквиот трансфер е изненадување.

29-годишниот Смолинг го загуби местото во стартниот тим на Јунајтед по доаѓањето на Мегваер, па доаѓа во Рома во потрага по поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…