Дома Фудбал Италија Роденден на Инсиње, а поклонот кој ќе го добие е посебен

Роденден на Инсиње, а поклонот кој ќе го добие е посебен

Лоренцо Инсиње денеска полни 27 години и во таа чест вечерва против Холандија ќе добие посебен поклон.

Инсиње до сега собра 25 настапи во дресот на Италија, а вечерва ќе заигра и против Холандија во пријателскиот натпревар во Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За роденденот селекторот Роберто Манчини одлучи како поклон да му ја даде капитенската лента.

Инсиње порано зборуваше дека како дете сон му било да игра во дресот на Наполи и италијанската репрезентација, а сега му се исполнија и двете желби.

Што се однесува за натпреварот помеѓу Италија и Холандија, Манчини ги најави стартните 11: Перин, Запакоста, Калдара, Ромањоли, Кристико, Кристанте, Јоргињо, Бонавентура, Верди, Белоти и Инсиње.

Манчини направи повеќе ротации во однос на првиот натпревар против Саудиска Арабија каде Италија славеше со 2:1 со головите на Балотели и Белоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…