Се наближува вкупно 290, а официјално 219 дерби „Derby della Madonnina“. Интер ќе му биде домаќин на Милан на „Џузепе Меаца“ во недела со почеток од 20:45 минути.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По повод ова дерби свое мислење во италијанските медиуми даде Роберто Мабчини, човекот кој на два пати ги водеше „нероаѕурите“ од 2004 до 2008 и од 2014 до 2016 година.
„Тоа е неверојатно дерби, притисокот секогаш е присутен, но во овој натпревар е навистина огромен. Да, се работи само за три бода, но за навивачите тоа се најважните бодови во сезоната. Во оваа ситуацијата притисокот е поголем на Милан бидејќи ако Интер победи, разликата ќе биде десет бодови и таа ќе биде тешко достижна“, порачува поранешниот тренер на Интер, а сегашен на Зенит.
„Сметам дека одлучувачки фудбалери на Интер може да бидат Иван Перишиќ и Икарди. Тука би ги придодал Брозовиќ и неговата непредвидливост, но тој не е на располагање и сигурно Интер со него би бил посилен на тревникот“, нагласи Манчини.