Дома Фудбал Лига на шампиони РМЦ: Ова е датумот на кој продолжува Лигата на шампионите

РМЦ: Ова е датумот на кој продолжува Лигата на шампионите

Вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лион и Јувентус би требало да се одигра на 8. август, пишува „РМЦ Спорт“ кој го најавува почетокот на натпреварувањето.

УЕФА бара начин натпреварувањата да се продолжат, а очекувањата се Лигата на шампионите да продолжи после националните првенства, односно во август и истиот месец да се заврши.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Засега не е познато во каков формат ќе биде Лигата на шампионите, меѓутоа се најавува дека средбата помеѓу Јувентус и Лион би можела да биде прва на програмата.

Јувентус во првиот натпревар беше поразен и би требало вториот натпревар да го игра на домашен терен работите се одвиваат според планираното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал и Барса во битка за германската одбранбена машина

Битката за еден од најдобрите дефанзивци на планетата може да започне Нико Шлотербек покаж…