Македонската фудбалска легенда Горан Пандев вчера и официјално потврди дека е во играчка пензија.
Честитки за кариерата на Пандев пристигнуваат од секаде, се јави и клубот каде што ги помина најдобрите денови – Интер, а емотивна порака испрати Стефан Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ристовски токму од Пандев ја наследи капитенската лента во репрезентацијата на Македонија.
„Гоки… пораснав со тебе, прво како идол, а покасно заедно и на терен. Горд сум што бев дел од твоето време. Емоциите се измешани, среќен за тоа што сме поминале заедно и тажен што повеќе нема да бидеш дел од теренот.
Фала ти што прв успеа светот да слушне за Македонија и македонскиот фудбал, фала ти што беше инспирација за сите нас. Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш“, гласи пораката на Ристовски.
Фото: ФФМ