Дома Фудбал Останато Решение за строгите закони: Европските фудбалери може да не живеат во Саудиска Арабија

Решение за строгите закони: Европските фудбалери може да не живеат во Саудиска Арабија

Голем број познати фудбалски имиња одлучија кариерата да ја продолжат во Саудиска Арабија, а сигурно ќе ги има и уште до крајот на преодниот рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во овој момент во Саудиска Арабија играат фудбалери како: Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Марсело Брозовциќ, Н’Голо Канте...Фудбалерите добиваат големи плати, меѓутоа проблем се строгите закони во Саудиска Арабија кои се разликуваат од остатокот во Европа.

Но, според последните информации постои решение. Англиските медиуми објавија дека фудбалерите со семејствата нема да живеат во Саудиска Арабија, туку во соседниот Бахреин кој е оддалечен 70-100 километри од стадионите каде што тренираат.

Бахреин за разлика од Саудиска Арабија е отворена држава и дозволува многу нормални работи за Европа кои се забранети во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“ (Видео)

Барселона синоќа ја осигура својата 29-та титула шампион на Шпанија. На домашниот терен на…