Манчестер Јунајтед е се поблиску до привлекувањето на левиот бек на Реал Мадрид, Серхио Регилон.
Според „Макра“ денес преговорите помеѓу двата клуба значитечно напреднале. Предмет на дискусија е се уште дали во договорот да биде вклучена бај-бек клаузула според која Реал ќе може да си го врати играчот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ сакаат да ја задржат контролата и да можат да го вратат играчот после две или три сезони, нешто што не му се допаѓа на Јунајтед.
„Марка“ пренесува дека трансферот ќе изнесува 25 милиони евра, а Регилон веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“ и сака кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“.