Дома Трансфер зона Доаѓа летото, Реал спрема големи промени: Ќе започне од левиот бек!

Доаѓа летото, Реал спрема големи промени: Ќе започне од левиот бек!

Мадридскиот весник Марка тврди дека Реал Мадрид ќе прави вистинска револуција во играчкиот кадар во текот на летото.

Челниците на Реал се свесни дека промените се неопходни како и да заврши сезоната, па во текот на летото ќе видиме значајни промени во играчкиот кадар на кралскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе дојде до промена на играчи на неколку позиции, а најизвесно е дека Реал ќе бара нов лев бек. Марсело веројатно ќе замине откако го загуби своето место во составот, а Менди не ги исполни целосно очекувањата на клубот, иако знаеше да има и добри игри оваа сезона.

Кој е првата мета на клубот? Една од желбите е Серхио Регилон. Реал претходното лето го продаде на Тотенхем за 45 милиони евра, но сега сака да врати назад. Тие се свесни дека продажбата беше грешка, исто како и случајот со Тео Хернандез кој игра одлично во Милан.

Реал моментално е втор во Ла Лига, а после победата над Алавес му се приближи на Атлетико на само четири бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…